


Маврово
Рекреативен Центар



Добредојдовте
во прегратката на високите врвови на планината Кораб, регионот на Маврово е познат со векови по својата гостољубивост.Една од најубавите планински долини, Маврово, заедно со езерото и планината Бистра, е сместено во западниот дел на Македонија, само на час возење од главниот град, Скопје.Вкупната должина на единаесетте ски-лифтови и трите жичари изнесува 5.700 метри, со капацитет од 11.100 патници на час. Со ваква инфраструктура, можно е да се скија на висина од 1.255 до 1860 метри надморска височина.Сите патеки под ски-лифтовите се осветлени и озвучени, така што скијањето е овозможено и навечер, помеѓу 19 и 24 часот.Имаме цел тим кој се грижи за квалитетот на патеките: четворица професионалци кои ги управуваат машините за тапкање на снегот, една амбулантна моторна санка која ги проверува патеките преку ден, ски- патрола, неколку моторни санки, машина за правење вештачки снег и многу љубезни луѓе кои се вработени во ски центарот. на со што располага ски центарот како и услугите кои ќе ги добиете тука се следниве:
-Ски сезоната може да започне во ноември и да заврши најдоцна до април
-Ски школа во која работат врвни ски инструктори
-Алпско скијање
-Турно скијање и многу други услуги.

Хотел Радика
Хoтел Радика е првокласен планински комплекс лоциран во Националниот Парк "Маврово", Западна Македонија, на одлична издигната позиција над Мавровското Езеро, која е опкружена со автентична шума.Локацијата е инспиративна во текот на целата година и е на оддалеченост од само 90 километри од аеродромот во Скопје.Одличната локација и опкружување (1400м надморска висина), просторните соби, стилскиот дизајн како и големиот СПА центар, ќе придонесат Вашиот престој во Хотел Радика да биде незаборавен.Собите се со современ, елегантен и удобен мебел, изградени во барок и модерен стил. Располагаме со 5 видови хотелски единици, приспособени за сечии потреби. Хотелските соби имаат поглед кон Мавровското Езеро и дел кон планински пејзаж. Хотелот располага со :
-внатрешен и надворешен базен
-фински сауни
-парни бањи
-турски амам
-џакузи со солена вода
-спортски терени како и многу други подобности кои ќе го направат Вашиот престој исполнет и незаборавен.



